1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израелската армија нареди нови евакуации од Рафах

ЕМФ / дпа
11 мај 2024

Израелската армија денеска ги повика жителите на Рафах да напуштат натамошни делови на истокот и во центарот на градот.

https://p.dw.com/p/4fjqj
Појас Газа раселени Палестинци бегаат од Рафах
Раселени Палестинци бегаат од Рафах (7.05.2024)Фотографија: AFP

Продолжува евакуацијата на жителите на градот Рафах во Појасот Газа. Израелската армија денеска побара евакуација од жителите во источниот дел на градот и неговиот центар. Во тие делови на Рафах има и два бегалски кампа. Во барањето, кое е раширено преку платформата Х и текстуални пораки, израелската армија бара итна евакуација во местото Ал-Маваси, на средоземноморскиот брег.

Ова е прва израелска наредба за евакуација која се однесува на густо населени делови од градот. Барањето укажува дека изралеската рмија има намера да ги прошири своите дејства против позиции и борбени единици на исламистичкиот Хамас на границата со Египет. Акцијата на Израел, која трае од почетокот на неделава, е контроверзна. Според податоци на ОН, во Рафах се натискани над еден милион луѓе, кои побегнале од борбите во други делови на Појасот Газа.

САД, кои се најважен сојузник на Израел, го предупредуваат Тел Авив да не презема широка офанзива. Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена дури се закани со запирање на испораки на оружје. Израелското раководство тврди дека во Рафах сака да ги уништи последните преостанати баталјони на исламистичкиот Хамас.